Македонија претставена пред светски производители на електронски компоненти во САД

21

Las_vegas_club-edit1Директорот на Агенцијата за Странски Инвестиции и промоција на извозот на Македонија, Висар Фида и економскиот промотор на Македонија во САД, Дејан Величков од 6 до 9 мај учествуваат на Глобална конференција за производители на електронски компоненти EDS 2013, која се одржува во Лас Вегас, САД.

Конференцијата е глобален собир на компаниите од индустријата на Електронски Компоненти на кој учествуваат повеќе од 400 производители на електронски компоненти од сите страни на светот.

Фида и Величков се сретнаа со повеќе претставници на глобални компании од оваа индустрија кои планираат проширување во иднина. Неколку заинтересирани компании веќе најавија дека ќе ја посетат Македонија во летниот период за да ги проверат условите и информациите кои ги презентираа Македонските претставници.

Исто така беа остварени и средби со компании кои веќе ја посетиле Македонија и се пред носење на финална одлука за инвестирање, како и со компании кои веќе инвестирале во државава.