Македонија со подобрена конкуреност

39

Според најновиот извештај на Светскиот економски форум, Македонија се најде на 73-то место на листата за конкурентност, искачувајќи се за седум места од минатата година кога беше рангирана на 80-та позиција.

Од останатите балкански зејми, Бугарија се наоѓа на 57 место, Словенија 62, Црна Гора на 67, Хрватска на 75, БиХ на 87, Грција на 91, Албанија на 95 и Србија на 101-та позиција.

Најконкурентна од 148 земји во светот е Швајцарија, по неа се Сингапур, Финска и Германија. Во првите 10 се и Шведска, Хонг Конг, Холандија, Јапонија и Велика Британија.

Во Извештајот Светскиот економски форум, конкуретноста се дефинира како збир на институции, политики и фактори кои го одредуваат нивото на продуктивност на некоја земја, а ги содржи и резултатите на анкетата меѓу бизнис заедницата за ефикасноста на владата и транспареноста.