Македонија во август ја посетиле 226.179 туристи – 49.093 од Турција

Бројот на туристите во август 2025 година изнесува 226. 179 кои оствариле 846 .221 ноќевања, објави Државниот завод за статистика.

Во месец август 2025 година 48.0 % се домашни туристи, а 52.0 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во август 2025 година изнесува 846 221, од кои 73.4 % се од домашните туристи, а 26.6 % од странските туристи.

Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6.8 %, односно кај домашните туристи има намалување за 1.4 %, а кај странските има зголемување за 11.6 %.

Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1.0 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.0 %, а кај странските има зголемување за 8.1 %.

Земји од кои дошле најмногу странски туристи во август 2025 година:

  • 49 093 од Турција
  • 10 309 од Србија
  • 5 202 од Романија
  • 5 075 од Холандија