Македонската берза објави: Акциите на две струмички компании ќе бидат исклучени од котација

Македонската берза ја информира јавноста дека акциите на „Герас Цунев Конфекција“ АД Струмица и „Герас Цунев Трговија“ АД Струмица ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар, поради трансформацијата на двете компании во друштва со ограничена одговорност. Одлуката стапува на сила од денес, 24 ноември 2025 година.

“Одборот на директори на Македонската берза донесе Одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Герас Цунев Конфекција АД Струмица со ИСИН MKGECK101012 и со шифра GECK и Герас Цунев Трговија АД Струмица со ИСИН MKGECT101013 и со шифра GECT, поради трансформација на друштвата во друштва со ограничена одговорност едно лице (д.о.о.е.л.). Акциите издадени од Герас Цунев Конфекција АД Струмица и  Герас Цунев Трговија АД Струмица ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата, почнувајќи од 24.11.2025 година (понеделник)“ , информира Македонската берза.