![excavator-51665_960_720-696x403](https://biznisinfo.mk/wp-content/uploads/2025/02/excavator-51665_960_720-696x403-1.jpg)
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – декември 2024 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 357 595 000 денари, што е за 55.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, македонската градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 192 519 000 денари, што е за 6.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Лани градежниците работеле во Германија, Црна Гора, Данска, Албанија, Бугарија, БиХ, Чешка и во Србија.