Македонски компании на Саемот за градежништво и мебел во Истанбул

61

1107081132mnВо организација на Тускон од Турција, од 18 до 20 јуни 2013 година, во Експо центарот во Истанбул, ќе се одржи најпрестижниот саем за градежништво, градежни материјали, градежни машини и мебел.

Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка за нивното учество. Комората обезбедува попуст на саемскиот аранжман, бесплатен каталог, како и бесплатни влезници, бесплатна историска и туристичка турнеја низ Истанбул, што е планирана на 18 јуни 2013 година.

Ова е едно од најважните економски случувања од областа на градежништвото во регионот. Саемската манифестација претежно е наменета за дејностите од областа на градежништвото, градежните материјали, градежните машини и мебел. Во Експо Центарот во Истанбул ќе учествуваат влијателни претставници и бизнисмени од преку 140 земји од светот и ќе се овозможи воспоставување на бизнис-средби со врвни турски компании.

На настанот учество ќе земат водечките локални и светски градежници, производители на градежни материјали и градежни машини, како и производители на мебел. Воедно, во рамките на Саемот ќе се одржат и би-ту-би средби со 2.500 учесници, што е добра можност да се воспостават бизнис-контакти, да  се зголемите соработката со турските фирми, како и можноста за нова инвестиција и соработка.

Патот, хотелското сместување и организациските трошоци се на товар на компанијата. Зависно од броjот на пријавените компании, Kомората може да организира автобуски превоз за сите заинтересирани компании.