Федерацијата на фармерите на Република Македонија организира посета на 55 земјоделци на саемот за земјоделство во Нови Сад, Србија.
На саемот, кој е еден од 5-те водечки саеми во Европа, своите производи и услуги ќе ги презентираат околу 1.500 излагачи од 60 земји во светот.
Посетата има за цел да се поттикне зедничкото планирање и донесување на одлуки за усвојување и примена на напреднати земјоделски техники и технологија, што ќе доведе до подобрена продуктивност, стандардизација на производите, оптимализација на количините и зголемување на приходите.
Посетителите на саемот ќе можат да видат земјоделска механизација, опрема и резервни делови, храна и пијалоци, растително производство, сточарство, амбалажа, хемиска заштита и ѓубрива, агроиновации во областа на земјоделството.