Македонскиот Леов и Симпо од Врање во заедничка инвестиција – работа за 200 работници

38

На заедничката седница на Надзорниот и Извршниот одбор на Симпо ад Врање, на која присуствуваше и претседателот на Синдикатот, беше одобрено склучување на Прелиминарниот договор за заедничка инвестиција помеѓу Симпо АД Врање и македонската компанија Леов од Велес.

Надзорниот одбор на компанијата од Врање соопшти дека одлуката е донесена врз основа на детален писмен предлог на генералниот директор на Симпо, Слаѓан Дисиќ, пренесува Ekapija.

Симпо ад Врање и компанијата Леов ќе основаат деловна компанија Симпо-Леов, со седиште во Врање, чија основна дејност ќе биде производство на електрични апарати, опрема и уреди – бафери и бојлери.

Во новооснованата компанија Симпо инвестира градежен објект со придружната инфраструктура, а компанијата Леов во опрема и „know-how“.

Вкупната вредност на инвестицијата ќе биде околу 11 милиони евра. Компанијата Симпо-Леов ќе вработи 200 нови работници, 100 во првата година од инвестицијата и уште толку во втората.

Инаку, компанијата Леов е еден од најголемите производители на бојлери на Балканот.