Институтот за јавно здравје на Црна Гора ја ажурираше листата на држави чии државјани од денеска може да влезат во земјата, а на листата не е Македонија.
Нашата земја е отстранета од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата на оваа земја. Одлуката се должи на зголемувањето на случаите на коронавирус во Македонија.
Медиумите во Подгорица пренесуваат дека Македонија не е повеќе на оваа листа, бидејќи споменатата стапка од 25 заболени на 100.000 жители е порасната, особено по бројот потврдени случаи во неделата.
Ова значи дека секој македонски државјанин кој ќе сака да влезе во Црна Гора, ќе оди во задолжителна 14-дневна изолација.
Претходно и Хрватска не дозволи влез за македонски државјани, а истото го најавуваат и некои други земји кои ќе прават “црни листи“ за странските државјани.
Фото: Pixabay