Макстил доби А-интегрирана еколошка дозвола од Министерството за животна средина

167

Акционерското друштво за производство и трговија со производи за црна металургија, Макстил, доби А-интегрирана еколошка дозвола, стои во соопштението објавено на Македонска берза.

Дозволата е издадена од страна на Управата за животна средина, сектор индустриско загадување и управување со ризик, при Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија.

Фото: Facebook