Машината за поправка на скршени екрани на iPhone наскоро во 25 земји во светот

154

aple

Фото: Appleinsider

Машината за поправање на скршени екрани на iPhone телефоните од Apple, Horizon Machine којашто досега ја користеа само вработените во компанијата ќе биде достапна на пазарот. Horizon Machine до крајот на годинава ќе биде дистрибуирана во 25 земји ширум светот во 400 овластени центри за поправка, пишува Reuters.

Apple за поправка на iPone телефоните досега ги користеше сопствените 500 центри, а машината беше строго чувана тајна. Со ова проширување, компанијата планира да ја намали гужвата и времето за чекање на поправка во своите центри.

Машината може да го поправи расипаниот сензор за допир на телефонот и скршениот екран.