Маск им ги намали деновите на боледување на новите мајки – само 14 дена

108

Шефот на Твитер, Илон Маск, го намали платеното породилно отсуство на компанијата од 20 недели на само 14 дена, покажуваат внатрешните документи на компанијата.

Компанијата со седиште во Сан Франциско ја промени својата претходна политика на „она што е пропишано со закон во регионот каде што работат вработените, заедно со „подарок“ од две недели одмор“, напиша репортерката на „Њујорк Тајмс“, Кејт Конгер, цитирајќи интерен меморандум.

Не постои национална политика за платено семејно отсуство. Меѓутоа, Законот за семејно и медицинско отсуство на одредени вработени им дава „неплатено отсуство за време на кое имаат заштитено работно место, поради одредени семејни и здравствени причини“ до 12 недели.

Промената на политиката на Маск ги става работниците на „Твитер“ кои бараат дополнително платено отсуство на милост и немилост на нивната држава.

Има 12 држави кои нудат некаква форма на платено семејно и медицинско отсуство. Во Калифорнија, државниот закон им дозволува на вработените да земат до осум недели платено отсуство.

Њујорк и Њу Џерси дозволуваат 12 недели платено отсуство, како и неплатено отсуство со заштита на работа до 26 недели.

Род Ајленд има најдарежлива политика, дозволувајќи им на работниците 30 недели платено отсуство.

Фото: Facebook