Маск: Ќе ги покријам трошоците за судењето на неправедно обвинетите корисници на платформата Х

78

Илон Маск, сопственикот на платформата X, објави дека има намера финансиски да ги поддржи правните трошоци на луѓето кои биле неправедно третирани од страна на нивните работодавци поради објавите или лајковите на социјалната мрежа Х, која до неодамна се викаше Twitter.

Маск изјави дека нема ограничувања за финансиска помош и посочи дека бројот на месечни корисници на платформата Х неодамна достигна „нов максимум“ од над 540 милиони, пренесe Ројтерс.

Сепак, и покрај растот на бројот на корисници и очекувањата, приходите од реклами на X не го постигнаа очекуваниот раст, а ликвидноста останува негативна поради значителниот пад на приходите од реклами и високиот долг.

Покрај тоа, Меtа лансираше конкурентна платформа наречена Threads на 5 јули.