Маск: Наскоро доаѓа платформата Xmail

69

Извршниот директор на технолошката компанија Тесла и сопственик на X платформата Илон Маск објави дека наскоро ќе започне да работи со услугата за е-пошта наречена „Xmail“, дизајнирана да биде алтернатива на популарниот Gmail од Google.

Претходно на својот X профил, членот на програмата за безбедносно инженерство на X, Нејт Мекгрејди, го постави прашањето „Кога го градиме Xmail“, на што Маск одговори: „Доаѓа“.

Тој не прецизираше кога услугата би можела да биде лансирана.

Маск ја купи мрежата Твитер во 2022 година и ја преименува во X, а оттогаш воведе и бројни други промени.