Маск продаде акции на Tesla за 4 милијарди долари поради купувањето на Twitter

67

Американскиот милијардер Елон Маск продаде акции на Tesla за околу 4,0 милијарди долари откако потпиша договор за купување на социјалната мрежа Twitter, вреден 44 милијарди долари.

На 26 и 27 април Маск, извршниот директор на Tesla, продал 4,4 милиони акции што ги поседувал во таа компанија за производство на електрични автомобили, покажуваат податоците од поднесоците доставени до регулаторот на пазарот доцна во четвртокот, цитирани од „Bloomberg“.

Набргу по објавувањето на поднесоците, Маск напиша на Twitter дека не планира да продава акции на Tesla.