Маск се жали на работењето на платформата „Х“: „Едвај врзуваме крај со крај“, вработените се во страв

„Нашиот раст на корисниците е во стагнација, нашите приходи се неимпресивни – и едвај врзуваме крај со крај“, напиша Илон Маск во писмото испратено по е-пошта до вработените, според Wall Street Journal.

Писмото ги погоди вработените „како бомба“ затоа што не знаат што би можел да повлече сега  Маск.

Како што е познато, онлајн платформата „Х“ се базира на услугата за кратки пораки развиена од поранешниот „Твитер“, која Маск ја купи во октомври 2022 година за околу 44 милијарди долари.

Бидејќи оттогаш компанијата не котира на берзата, нема јавно достапни информации за тоа како работи.