Маслиново масло обогатено со 24 каратно злато

60

57b369d4cb0f2Производителот на премиум производи Myst создаде маслиново масло со доза на луксуз, пишува Joinfo.ua. Не само што станува збор за врвно масло произведено од ладно цедени маслинки од Олимп, туку во истото се додадени и ливчиња од 24 каратно злато што можат да се јадат.

Со секое купено шише Myst-Gold, купувачите добиваат и Myst-Pure, бонус шише со оригиналното ладно цедено маслиново масло. Пакувањата се во овални шишиња од пола литар со софистициран дизајн на коишто стои името на компанијата и производот изгравирани со златни и сребрени букви.

57b369d422fff

Според производителот, не се користени никакви хемикалии и пестициди при одгледувањето на маслинките и маслото е добиено користејќи врвна технологија на екстракција.