Мастер Гаспром влегува на македонскиот пазар со гас

34

europolgaz-630x403Македонската компанија со украински партнер Мастер Гаспром ќе влезе на македонскиот пазар со гас.
Компанијата и официјално доби лиценца од Регулаторната комисија, а за своето функционирање достави и банкарска гаранција од 50 милиони евра.

Како што најавуваат од компанијата, со конкурентна цена и континуитет во испораката на гас ќе бидат избор број еден на македонските компании.

Предноста на нашата компанија е што поради партнерските односи со украинска фирма што има големо искуство на пазарот со гас во Украина имаме можности да понудиме подобри услови од останатите компании во Македонија. Имаме склучено директен договор со Гаспром, а и мрежата за дистрибуција ќе ни овозможи непречено и континуирано снабдување со гас на компаниите”, тврдат од компанијата.