Мебел на иднината: Го менува својот облик според движењето и емоциите

22

transform5Мебелот традиционално е статичка категорија. Секојдневно ја користиме нашата маса, седиме на омиленото столче, но тие секогаш ја задржуваат нивната ригидна форма без оглед на тоа што правиме и како се чувствуваме.

Додека нашите домови стануваат сѐ попаметни и добиваат оригинална форма, мебелот и понатаму останува “заборавен“ од можноста целосно да се промени неговата форма, димензија и структура.

Само замислете што ќе се случи доколку вашиот омилен кревет почувствува како сте расположени кога ќе се вратите од работа. Доколку сака да ве оттргне од телевизорот, паметниот мебел ќе се трансформира во тврд и непријатен за седење, што ќе ве охрабри да излезете надвор и да уживате во пријатна прошетка во природа.

Ова можеби изгледа како нереално сценарио, но на осмислување и реализација на тоа работи тимот Tangible Media Group при Универзитетот Масачусетс.

Наречена Transform, структурата на оваа маса е базирана на движењето и емоциите на луѓето кои се во непосредна близина. На овој паметен и интерактивен изум стојат потписите на Шон Фолмер, Даниел Леитингер и Хироши Иши.

Според нив, масата Transform е направена од 1.152 пластични игли што се контролирани од индивидуални микропроцесори, сместени во долниот дел. Компјутерската програма диктира како ќе се движи секоја од иглите, создавајќи брановидно движење. Таканаречениот Kinect може да го почувствува движењето на некој кој е во близина, па со самото доближување на раката, игличките почнуваат да се брануваат.