Фото: Facebook
Прозиводите на фабриката Mega Drvo од Семберија, Босна и Херцеговина, станаа едни од најбарните на пазарот во Западна Европа, објави biznisinfo.ba.
Побарувачката на производите во изминататa година придонесе Mega Drvo да регистрира најголема добивка од постоењето во висина од 13,5 милиони евра.
Фабриката, којшто е формирана во 1996 година, започна да работи како пилана на ливада, а денеска вработува 300 луѓе во шест погони во модерно опремен објект со површина од 50.000 метри квадратни. Mega Drvo произведува масивен мебел и масивни дрвени лепени плочи, а се занимава и со изработка на градежна столарија и производство на брикети.
Во фабриката годишно се произведуваат околу 6.000 метри кубни масивни лепени плочи со дебелина од 18 до 45 милиметри, коишто Mega Drvo ги користи за сопствени потреби, но по доколку има барање ги произведува и по нарачка.
Фабриката располага и со модерна технологија за работа а поседува сертификат што гарантира квалитет на производите.