Меган Маркл бара агент за своите проекти

93

Меган Маркл и принцот Хари неодамна ги прекинаа своите врски со кралското семејство и се преселија во Канада. Јавноста го очекува следниот потег на популарниот брачен пар кој по заминувањето стана финансиски независен.

Медиумите пишуваат дека Меган активно бара агент кој ќе ги застапува нејзините идни проекти.

Ако гласините се точни, вработувањето на менаџер не значи дека Меган сака повторно да глуми. Агентите и менаџерите може професионално да претставуваат личност и за други деловни прилики, на пример да обезбедат договор за книга или различни спонзорства, пренесува Instyle.

Фото:Facebook