Меѓународен Cisco NetRiders натпревар

29

homepage_mimageВо организација на глобалната Cisco Networking Академија и Академијата за компјутерски мрежи на Seavus Александрија, во Република Македонија денес ќе се одржи меѓународниот Cisco NetRiders натпревар.

На натпреварот студентите ќе се натпреваруват со други студенти од државава и од целиот свет. Студентите ќе имаат можност да ги тестираат своите знаења и вештини во областа на ICT и Cisco компјутерски мрежи, како и да го привлечат вниманието на идните работодавци.

Најдобриот натпреварувач од Македонија ќе добие iPod Touch од 4-та генерација со 32 GB, а 4ца најуспешни кандидати на 24 септември 2013 година ќе имаат можност да се натпреваруваат на глобално ниво за еднонеделно студиско патување во седиштето на Cisco, во Силиконската долина во Калифорнија, САД.