Меѓународен саем на машини за обработка на метал во Турција

162

Од 4 до 6 октомври годинава во Истанбул, Турција, ќе се одржи Меѓународниот саем на машини за обработка на метал, МАКТЕК ЕУРАСИА 2012.

Се работи за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков вид, дизајниран да ги задоволи меѓународните стандарди.

Саемот ќе се простира на 98.000 метри квадратни, со 12 изложбени сали, 18 соби за состаноци. На саемот свое учество најавиле голем број реномирани турски и странски изложувачи. Посетителите ќе можат да ги видат најновите технологии и решенија од областа на индустријата, како машински алатки, обработка на метали, заварување метал, сечење и дупчење метал, машини за лим, универзални машини, мерни инструменти, апарати за заварување и резервни делови, транспортни системи…

Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор, Адонис груп, организира посета на македонски компании на саемската манифестација.