Мејд ин БиХ: Чевли на Прада се произведуваат во Тузла

34

prada 1Во близина на Тузла, веќе пет години фирмата Bosit Industry изработува чевли за реномираниот светски бренд Прада, пишува klix.ba.

“Најпрво го изработувавме само горниот дел од обувките, а веќе две години изработуваме комплетни модели”, вели директорот на компанијата, Миралем Бајрактаревиќ.

Во оваа компанија се вработени 100 работници, а директорот Бајрактаревиќ најави дека во иднина соработката со италијанскиот партнер би можела да се прошири, затоа што се повлекуваат од азискиот пазар.

Работниците располагаат со оптимална количина на суровина, а она што нема да се потроши, уредно се враќа.

“Кога ќе го добиеме репроматеријалот, отстапувањето е 1%”, вели Бајрактаревиќ.

Платите на работниците во оваа фабрика се околу 240 евра, додека чевлите што ги произведуваат се продаваат по цена од 300 до 1.500 евра.

prada 3