Мекдоналдс повторно ги отвора рестораните во Украина

82

Мекдоналдс повторно ќе ги отвори своите ресторани во Украина во наредните месеци.

На овој начин американскиот ланец на ресторани за брза храна сака да го врати чувството на нормален живот и да ја поддржи земјата разурната од војна. Тие ги затворија откако започна руската инвазија пред речиси шест месеци, но продолжија да плаќаат повеќе од десет илјади вработени.

Отворањето ќе започне во Киев и на западот на Украина, односно далеку од конфликтот.

„Нашите вработени изразија голема желба да се вратат на работа. Во последните месеци се смета дека ова ќе биде мало, но важно чувство на нормалност“, се вели во соопштението на компанијата.

Мекдоналдс има 109 ресторани во Украина.