
Мексиканскиот град Гвадалахара ќе воведе 53 локално произведени електрични автобуси „Волво“ од крајот на 2025 година, додека Халиско го забрзува својот премин кон јавен превоз со нулта емисија пред Светското првенство во фудбал во јуни следната година. Возниот парк ги вклучува моделите „Луминус“ и „Волво 7800 Електрик“.
Имено, автобусите на Volvo добија нарачка за 53 електрични автобуси за Гвадалахара како дел од поширока програма за модернизација на градскиот транспортен систем на Халиско, објавува порталот Electrive.
Испораката вклучува 31 автобус Luminus со висок под базирани на шасијата Volvo BZR, 12 автобуси Luminus со низок под базирани на шасијата BZL и 10 зглобни електрични автобуси Volvo 7800. Сите возила ќе бидат произведени во Мексико.
Првите 12 автобуси со низок под од брендот Luminus ќе бидат пуштени во сообраќај во декември 2025 година, а преостанатите возила ќе бидат распоредени во мај 2026 година.
Volvo Bus вели дека иако проектот се фокусира на снабдување со возила, ќе обезбеди целосна оперативна поддршка преку својата национална сервисна мрежа.












