Менхетен планира да воведе такса за возење по прометни улици

20

in-new-york-city-1316639_960_720

Фото: Pixabay

Со цел да го реши проблемот со сообраќајниот метеж, Менхетен планира да воведе такса од 11,52 долари. Оние возачи кои ќе одлучат да возат по улиците со најголема гужва ќе мораат да платат. Ова ќе биде прва ваква пракса во САД, со што ќе им се придружи на Сингапур, Стокхолм, Милано и Лондон, пишува New York Times.

Од градот се надеваат дека решението ќе придонесе за намалување на метежот, а собраните пари ќе помогнат да се подобри јавниот транспорт. Автомобилите ќе плаќаат 11,52, камионите 25,34 долари, додека за секој изнајмен автомобил ќе се плаќа од два до пет долари по возење.

Ако сè оди според планот, наплаќањето би требало да започне следната година, а градот да собере 1,5 милијарди годишно.