Mercedes-Benz ќе им исплати рекордни бонуси на работниците

136

Германската компанија Mercedes-Benz дел од профитот дели со своите вработени од 1997 година, а годинава ќе им биде исплатена рекордна сума.

Во 2022 година околу 100.000 вработени во Mercedes-Benz добија бонус од 6.000 евра како „знак за почит“ по профитабилната 2021 година, а по минатогодишните перформанси, германскиот гигант најави рекорден бонус од 7.300 евра. Парите ќе ги добијат околу 93.000 квалификувани вработени.

Бонусот ќе им биде исплатен на вработените во Германија заедно со платата за април. На почетокот на финансиската 2023 година ќе се воспостави нов систем за пресметување на бонуси. Од Mercedes велат дека новата стратегија ќе биде усогласена со постоечкиот систем за управување.

Овие дарежливи бонуси доаѓаат во време кога Mercedes одлучи да инвестира 40 милијарди до крајот на деценијата за да ја финансира својата електрична понуда. Луксузниот германски бренд има намера да продава само електрични возила на пазарите каде што дозволуваат условите од 2030 година.