Mercedes ќе престане да произведува каравани до 2030 година

92

До крајот на оваа деценија, Daimler Group треба целосно да ги елиминира некогаш многу популарните каравани. Наместо тоа, тие ќе се фокусираат на она што клиентите го бараат повеќе – електричните кросовери

Германскиот портал Automobilwoche од сигурни извори дознава дека Daimler Group одлучила моделите T (tourism & transport), т.е. каравани под етикетата на Mercedes, да бидат исфрлени. Порано беа многу популарни, но денес клиентите се повеќе бараат теренци, т.е. модели кои се сместени помеѓу лимузини и теренци, а по функција се многу слични со каравани. Најавата дека изведбите на караван нема секогаш да бидат дел од гамата беше спомната од главниот оперативен директор на Mercedes, Маркус Шефер минатата есен, а сега овој факт наводно е и официјално прифатен.

Според оваа одлука, Mercedes до крајот на деценијата би ги елиминирал сите каравани од понудата, почнувајќи од моделот CLA Shooting Brake, кој својата најнова верзија ќе ја добие во 2025 година. Е-класата, која се очекува да биде редизајнирана до 2030 година, нема да нуди караванска верзија во новата гама, а се уште не е познато колку долго ќе се нуди минатогодишниот модел на караван од C-класа.

Укинувањето на караван верзиите и поголем фокус на теренците има смисла и кога станува збор за електрификацијата. Имено, подигнатата шасија нуди повеќе простор за сместување на батериите, кои најчесто се наоѓаат во подот на возилото, па така повисоката положба на дизајнерите им нуди поголема слобода во креирањето на каросеријата и внатрешноста.
Затоа, некои клиенти кои претходно беа заинтересирани за каравани би можеле да се свртат кон новите, покачени седани, кои Mercedes неизбежно ќе ги понуди, а кои ќе бидат преодна форма помеѓу класичен седан и теренец.