Мерцедес повлекува речиси милион возила од пазарот

91

Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц повлекува речиси милион постари возила од светот поради потенцијален проблем со системот за сопирање, соопшти Сојузната управа за сообраќај (КБА).
Во соопштението се посочува дека повлекувањето на возилата вклучува автомобили произведени во периодот од 2004 до 2015 година од сериите теренци „ML“ и „GL“ и луксузни комбиња „R-Class“, пренесува агенцијата Франс прес.

„Корозијата на системот за сопирање може, во најлош случај, да влијае на педалата на сопирачките и системот за сопирање нема да работи. Последица може да биде откажување на рачната сопирачка“, се наведува во соопштението.

Од КБА додаваат дека ширум светот се влечени 993.407 возила, од кои околу 70.000 во Германија.

Од „Мерцедес-Бенц“ го потврдија извештајот за повлекување возила и посочуваат дека овој потег се базира на резултатите од анализите на изолирани случаи на одредени возила.