Мериот доби нов Генерален менаџер

85

Скопје Мериот официјално го претстави својот нов Генерален менаџер, Огуз Ерујгун. Тој доаѓа на позицијата наследувајќи го Волфганг Колер, кој по 4 успешни години ја продолжува својата мисија во Казахстан, исто во рамки на Мериот семејството.

Ерујгун поседува речиси 30 годишно меѓународно искуство во хотелиерството, при што веќе 10 години е дел од интернационалното Мериот семејство менаџирајќи различни хотелски брендови. Последните 3 години пред да дојде во Скопје Мериот ги помина како Генерален Менаџер на Ренесанс Измир.

Ерујгун со своето доаѓање носи нова свежа енергија, иновативни идеи, пристап и непроценливо искуство. Како што вели тој, токму искуството на повеќе работни позиции, посебно задржувајќи се во финансискиот сектор, каде што работел како Директор на финансии 6 години, му овозможило да ги стекне сите потребни познавања и вештини.

Со своето долгогодишно искуство, Ерујгун ќе има пред сѐ голема одговорност да ја продолжи успешната приказна на Скопје Мериот, но исто така успешно да одговори на сите предизвици и високо поставени цели за дополнителен раст и развој на брендот.

„Со голема чест и задоволство ја прифатив оваа позиција, посебно имајќи го предвид реномето и досегашната работа на хотелот. Голема е одговорноста да се преземе кормилото на бренд кој е веќе докажан, посебно затоа што во следниов период имаме зацртано амбициозни проекти и планови. За мене нема поголемо задоволство од фактот да се гледа Скопје Мериот континуирано со целосно исполнет капацитет, дури и во услови на криза и светски предизвици. Драго ми е што имаме тим кој работи посветено и сплотено. Уште поголемо задоволство ми причинуваат долгорочните партнерства што ги имаме и нивната лојалност кон нас. Брендот Мериот работи по светски признаени и имплементирани стандарди и она што можам со сигурност да го потврдам е дека нашите партнери, гости и клиенти во иднина можат да сметаат на нас, како и досега”, изјави Ерујгун.