Oфицијалните резерви на Турската централна банка изнесуваат 155,2 милијарди долари на крајот на декември. Резервните средства на банката се намалија од 157,7 милијарди долари од ноември 2024 година, но значително се зголемија од пред една година кога изнесуваа140,8 милијарди долари, објави Anadolu Agency.
Девизните резерви, во конвертибилни странски валути, се намалија за 2,2 отсто на месечно ниво на 83,5 милијарди долари на крајот на минатата година.
Златните резерви на банката, вклучително и златни депозити се намалија за 0,9 отсто и изнесуваат 64,3 милијарди долари.