
Американската технолошка компанија „Мета“ денеска објави дека својот најголем центар за податоци ќе го изгради во јужната американска сојузна држава Луизијана, а се очекува за овој проект вреден 10 милијарди долари да бидат ангажирани 500 оперативци и 5.000 привремени градежни изведувачи.
Републиканскиот гувернер на Луизијана, Џеф Ландри, смета дека најавената градба е одлична вест за економски помалку развиениот дел на САД, додека некои еколошки групи се загрижени дека новиот центар за податоци ќе се потпира на фосилни горива, пренесува АП.
Мета планира да инвестира 200 милиони долари во подобрување на патната и водна инфраструктура на североисточна Луизијана за да ја надомести очекуваната висока потрошувачка на вода, а објектот од 370.000 квадратни метри се очекува да биде отворен во 2030 година.
Фото: Pixabay











