Meta потврди дека има проблем со спам од Facebook страниците на познатите личности

6

Матичната компанија на Facebook, Meta, во средата потврди дека има проблем со потокот на вести и објави (наречен feed), откако повеќе корисници пријавиле проблеми со спам од страници на познати личности.

„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со нивниот Facebook фид. Работиме да ги вратиме работите во нормала што е можно побрзо и се извинуваме за непријатностите“, изјави портпаролот на Меtа за CNBC.

„Фидот“ на Facebook е главниот тек на вести и објави од луѓе и страници што ги следат корисниците.

Downdetector, услуга каде што луѓето можат да пријават проблеми и прекини на веб-страниците, има илјадници извештаи за проблеми со Facebook, со 81% од поплаките поврзани со фидот.

Голем број корисници кои коментираат на Downdetector и Twitter пријавиле проблем каде што гледаат коментари објавени од случајни луѓе на страници на познати личности кои го преплавуваат нивниот сопствен извор.

Последните големи проблеми со услугите на Меtа беа во октомври, кога корисниците не можеа да пристапат до Facebook, Instagram, WhatsApp и Messenger неколку часа. Ова беше предизвикано од софтверските промени кои го нарушија сообраќајот помеѓу рутерите во центрите за податоци на Facebook ширум светот, објаснија од компанијата тогаш.

Социјалната мрежа не ја прецизираше причината за најновиот „баг“.