Мета претстави очила со кои можете да воспоставувате видео повици и да испраќате пораки

Мета претстави нова линија паметни очила напојувани од својата технологија за вештачка интелигенција (ВИ) како дел од својата годишна конференција за развивачи „Мета Конект“.

Извршниот директор Марк Цукерберг, пишува Би-Би-Си, најави серија уреди во соработка со брендовите за очила за сонце Ray-Ban и Oakley, вклучувајќи ја и таканаречената невронска нараквица што се поврзува со очилата Meta Ray-Ban Display, овозможувајќи им на корисниците да извршуваат задачи како што е испраќање пораки со помош на мали движења на рацете.

Настанот се случува во време кога сопственикот на Facebook, Instagram и WhatsApp се соочува со многу критики за влијанието на своите производи, особено врз децата.
Фото: Printscreen Youtube