Методи со коишто полесно ќе донесете одлука

53

vrati-pexels

Фото: Pexels

Донесувањето на одлуки е многу важна вештина што овозможува да се движите напред во животот и кариерата. Процесот на донесување одлуки никогаш не е лесен. Ви се случува да се обидувате да донесете правилна одлука, но да не знаете која опција да ја изберете, а кога ќе ја донесете конечната одлука да не сте сигурни дали е исправна.

Клучот во донесување на добри одлуки е во балансирањето на интуицијата и разумот. Никогаш не може да бидете сигурни какви ќе бидат последиците од вашата донесена одлука, но неодлучноста е полоша од неизвесноста. Ако имате чувство дека секогаш носите погрешни одлуки или сте неодлучни, овие неколку совети ќе ви помогнат во носењето на добри одлуки.

Клучни прашања

Ако треба да донесете одлука, а би сакале да останете во вашата комфорна зона и ништо не би смениле бидејќи промената може да биде опасна, обидете се да одговорите на следниве прашања:

Ако се одлучам за промена на работното место, што ќе се случи во мојот живот?

Што ќе ми недостасува?

Ако не се одлучам за промена и сè остане по старо што ќе се случи?

Кога ќе одговорите на секое прашање обидете се препознаете какви емоции ќе ви  предизвика. Оваа вежба ќе ви помогне да станете свесни за сите аспекти кои не ги гледате, а ви се потребни во носењето одлука.

Преспијте

Во сон мозокот работи во наша полза. Тој сортира мисли, впечатоци и настани на денот. Одвојува важно од неважно. Наутро се будиме со многу појасна слика и креативните решенија може да настанат во  утринските часови.

Не одлучувајте под притисок

Ако го одложувате носењето на одлука до последен момент, стресот се зголемува. На пример, барате друга работа, но не испраќате молби за работа на време и ви се случува во последен момент да испраќате молби насекаде. Одлуките донесени под временски или друг притисок, под стрес не се разумни одлуки.