Microsoft 365 ќе биде поддржан само половина година на Windows 7 и 8.1

59

Канцеларискиот претплатен пакет Microsoft 365 (порано познат како Office 365) континуирано се надградува, но само за оние корисници кои ги исполнуваат условите, односно користат посовремени компјутери со понови верзии на оперативни системи. За сите останати, и Windows и Microsoft 365 постепено ги укинуваат безбедносните и другите ажурирања.

Во овој процес на планирана застареност, полека дојде време некои да почнат да се збогуваат со старите ОС и софтвери, пред се Windows 7 и 8.1 (ако некој веќе го користи вториот). Microsoft најавува дека официјалната поддршка за пакетот Microsoft 365 ќе заврши на 10 јануари следната година, односно за околу шест месеци. Истиот ден, завршува тригодишниот период на продолжени безбедносни ажурирања за Windows 7 и Server 2008 R2.

Сето ова значи дека по наведениот датум, апликациите на Microsoft 365 повеќе нема да добиваат безбедносни ажурирања, доколку се на Windows 7, 8.1 или Server 2008 R2. Згора на тоа, Microsoft 365 веќе нема да може да се инсталира на кој било уред со Windows 8.1, се вели во него.

На сите што сè уште користат една од овие комбинации на оперативен систем и канцелариски софтвер, Microsoft им препорачува да се префрлат на некој од поновите ОС пред јануари 2023 година.