Microsoft ќе ја користи сончевата енергија од покривите од Сингапур

59

solar-system-2939560_960_720Microsoft во наредните 20 години ќе ја користи сончевата енергија од покривите од Сингапур за да ги засили своите центри за податоци, пренесува CNN.

Договорот е потпишан на 20 години со сингапурската фирма Sunseap. Според него американската компанија ќе ја купи целата енергија произведена од планираниот соларен проект на кров, којшто ќе биде најголем од ваков вид во градот-држава.

Ова е првиот договор на Microsoft за обновлива енергија во Азија и може да ги поттикне другите компании да преземат слични чекори. Компанијата минатата година потпиша два договора за добивање на електрична енергија од проекти за ветерна енергија во Ирска и Холандија за своите центри за податоци во Европа.

Целта на Microsoft е оваа година да искористи обновливи извори за 50% од енергетските потреби во своите 100 центри за податоци, коишто се шират низ повеќе од 40 земји.

Монтажата на панелите веќе е започната. Ќе бидат поставени стотици, а ќе произведуваат до 60 мегавати сончева енергија. Се очекува до крајот на годинава да биде монтиран целиот планиран систем.