Microsoft развива видео разговори со холограм

25

hologram video razgovor

Истражувачките експерти на Microsoft развиваат нов начин на комуникација, во форма на видео разговори со холограм, пишува The next web.

Тимот на Microsoft Research користи специјални Kinect камери и проектори за да визуелизираат 3D слика на лицето за да може да се претстави како да е физички присутно во просторијата. Според тоа, секое од лицата можат да го видат дигиталниот приказ на соговорникот, гледајќи од различни агли и ќе има можност за интеркација со него како да е физички присутен во собата.

Преку овој Room2Room проект двајца пријатели можат да се гледаат од било која перспектива, па дури и ако ја променат позицијата и понатаму ќе може да го видат пријателот во природна положба.

Секој од нив може да се проектира во собата на соговорникот, па така разговорот може да тече на двете страни.