Microsoft знаеле за несоодветното однесување на Гејтс уште во 2008 година

80

Писмото од инженер во Microsoft, објавено во 2019 година, за афера на Бил Гејтс пред да ја напушти компанијата, не беше првпат некои директори на Microsoft да наидат на несоодветно однесување на милијардерот кон вработените.

Повеќе од една деценија претходно, директорите на Microsoft открија е-пошта помеѓу Гејтс и вработен од средно ниво во компанијата, додека Гејтс се уште беше вработен во Microsoft и претседател на управниот одбор, објави Волстрит Журнал, повикувајќи се на извори запознаени со прашањето. Во извештаите Гејтс, кој во тоа време се уште не бил разведен од сопругата Мелинда, флертувал со вработената.

Двајца високи директори на Microsoft, тогашниот главен советник Бред Смит и тогашната шефица за човечки ресурси Лиза Брумел, се сретнаа со Гејтс и му рекоа дека однесувањето е несоодветно и дека треба да се прекине. Гејтс не ја негираше размената на е-пошта, призна дека тоа не е добра идеја и ветил дека ќе ја запре.

Портпаролот на Microsoft, Френк Шо вели дека во 2008 година, непосредно пред Гејтс да се пензионира како редовен вработен, компанијата дознала за пораките испратени во 2007 година. Во е-пораките, Гејтс понудил да се сретне со вработената надвор од работата, вели Шо.

„Иако флертувачки, тие не се отворено сексуални, но се сметаа за несоодветни“, рече тој. Вработената никогаш не поднела жалба за инцидентот, кој досега не бил познат.

Портпаролката на Гејтс, Бриџит Арнолд, во писмена изјава објасни: „Овие наводи се лажни, рециклирани гласини од извори кои немаат директно знаење, а во некои случаи постои значителен судир на интереси“.

Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, беше главен извршен директор на Microsoft до 2000 година, вработен со полно работно време до 2008 година и претседател до 2014 година. Тој беше во одборот на Microsoft повеќе од четири децении, додека не поднесе оставка во март 2020 година. следната година, Гејтс и неговата сопруга Мелинда Френч Гејтс поднесоа документи за развод по 27-години брак. Разводот заврши во август. Тие двајца продолжуваат да ја водат Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, една од најголемите добротворни организации во светот.

До моментот кога Гејтс поднесе оставка од управниот одбор на Microsoft, Комисија на одборот ангажираше адвокатска фирма да го испита писмото на инженер од 2019 година, во кое се тврди дека имал претходна сексуална врска со Гејтс, објави Волстрит Журнал во мај. Ова не е истата жена за која Гејтс претходно беше предупреден, велат некои луѓе запознаени со прашањето. Шо истакнува дека врската започнала околу 2002 година, но Microsoft дознал за тоа дури во 2019 година.