Милионери што не трошат пари на овие три работи

49

Џеј Лено, Стефан Грахам и Барбара Коркоран, имаат милиони и може да си дозволат многу работи, но не ги трошат парите на било што. Во продолжение прочитајте на што не сакаат да ги трошат своите пари:

Џеј Лено одбива да троши на гардероба

Поранешниот домаќин на Tonight Show, комичар, актер, писател и продуцент, обожава автомобили и ги купува со страст, но не сака да троши пари на гардероба.

“Мене едноставно не ме интересира гардеробата. Купување гардероба ми е губење пари. Важно ми е само да имам доволно облека да го покријам своето тело“, вели милионерот.

Неговата финансиска филозофија секогаш била конзервативна, бидејќи неговите родители живееле во време на Големата депресија.

“До смрт ме плашеа со реченицата – Мораш да ја заштедиш секоја паричка“.

Стефан Грахам мрзи да купува кафе

Јутуб ѕвездата и милионер, кој заработува 220.000 долари месечно, си прави кафе дома.

“Пресмешно ми е купувањето кафе во Старбакс или било кој друг сличен локал, па едноставно кафето си го подготвувам дома за 20 центи“, вели тој.

Исто како Лено и тој не сака да троши пари на гардероба.

“Никогаш нема да трошам пари на дизајнерска гардероба. Не гледам смисла во тоа да потрошам 700 долари на Гучи чевли кога можете да набавите слични во друга продавница за многу пониска цена“, истакнува Грахам.

Барбара Коркоран не плаќа за прва класа во авион

Оваа претприемничка се држи до економската класа.

“Никогаш нема да трошам пари на бизнис класа. Нема шанси. Имам рутина поради која се чувствувам подобро од седење во прва класа во авион“, вели таа.

Коркоран, која се збогати со бизнис за недвижнини, не влегува во авион без претходно подготвен гурмански оброк. Со себе носи овошје, сирење, багет или кроасан и шише вино.

Фото: Pexels