Mime et moi – сандали со три различни потпетици

68

mime-et-moi

Mime et moi се сандали на истоимениот германски старт – ап, коишто одат со три потпетици со различна висина.

mime-et-moi-crni

Иновативните сандали имаат посебен механизам со којшто многу лесно може да се направи промена на потпетицата. На пример, наутро се поставуваат ниските потпетици, а за вечерно излегување на истата платформа може да се постават високите потпетици, коишто се исклучително елегантни.

mime-et-moi-zeleni

Потпетиците што одат во комплетот се на висина од 3,7 и 10 сантиметри. На дамите што ќе ги одберат овие сандали, на располагање им стојат повеќе бои и материјали.

mime-et-moi-crni-i-crveni

Цените на сандалите се движат од 175 до 205 евра.