Министрите за енергетика на ЕУ ќе дискутираат за мерки за намалување на цените на енергенсите

58

Министрите за енергетика на ЕУ на состанокот закажан за в петок ќе разговараат за опциите за спречување на растот на цените на енергијата, вклучувајќи ограничувања на цената на гасот и итни кредитни линии за производителите на енергија.

Според нацрт-документот чии делови пренесуваат светските агенции, министрите на ЕУ на 9 септември ќе разговараат за итни мерки како одговор на поскапувањето на гасот и струјата поради намаленото снабдување со руски гас, што ја оптоварува европската индустрија и ги зголеми сметките за домаќинствата.

Во документот како можни чекори се посочуваат ограничувања на цените за увезениот гас, како и за гасот што се користи за производство на електрична енергија, како и за други предлози.