Мишелин ја одложи продажбата на капацитети во Русија

42

Француската компанија за гуми Мишелин ја одложи продажбата на своите руски филијали на неименуван локален купувач, изјави портпаролот на компанијата, додавајќи дека „наскоро ќе биде постигнат договор“.
Според Ројтерс, Michelin е првиот западен производител на гуми што започна со работа во Русија во 2004 година, а во 2022 година најави прекин на активностите во таа земја по почетокот на војната во Украина.

Голем број компании најавија дека планираат да ја прекинат работата во Русија, но многумина сметаат дека процесот на повлекување на средствата е сложен и скап, наведува агенцијата.

Рускиот дневен весник Комерсант во вторникот објави дека фабриката на Мишелин во московскиот регион, со производствен капацитет од 1,5 до 2 милиони гуми годишно, ќе биде продадена на рускиот дистрибутер на гуми Power International.