Митови и вистини за бизнисот

25

realnost

Фото: Pixabay

Неколку познати и непознати вистини и митови кога станува збор за бизнисот.

Митови

Чесните и добрите не добиваат ништо на крај

Фер играта, чесноста и почитта ќе ве однесат секаде, се додека се придружувани од страста, знаењето и напорната работа. Важно е бизнисот да се гради на цврста етичка основа.

Емоциите во бизнисот не се дозволени

Повеќето одлуки кога станува збор за купување, во голема мера се резултат на емоциите. Успешното поврзување со колегите, клиентите или бизнис партнерите на емоционална база е клучно.

Да се работи паметно е подобро отколку да се работи вредно

За да успеете мора да ги правите и двете.

Неуспехот не е опција

Неуспехот често се случува. Постојат многу примери за успешни луѓе на кои не им тргнало од рака ни првиот, ни вториот, ниту пак третиот пат. Но, ниеден од нив не помислил да се откаже. Единствен неуспех е да се откажеш од замислата, стравот да ги надвладее амбициите, умеењето и страста.

Вистини

Во трката за успех нема да победат ниту најсилните, ниту најпамените, туку оние кои успешно и брзо ќе се прилагодат на промените.

Она што ќе го изградите порано или подоцна луѓето ќе го забележат, треба само да имате верба.

Водењето евиденција за работата е повеќе од важно. Собирајте и анализирајте ги сите информации, од продажбата, од трендовите на пазарот, желбите на клиентите и раководете се по нив.