Млеката на Дукат со пониска цена во јуни

67

dukat-630x315Mлеката на Дукат во Македонија во јуни ќе се продаваат по пониски цени во рамки на акцијата по повод 1 јуни, Светскиот ден на млекото и добивањето награда за исклучителен вкус од страна на Меѓународниот Институт за вкус и квалитет од Брисел, соопштија денес од компанијата.

Трајните млека на Дукат со 2,8% и 0,5% млечна маст ќе се продаваат по промотивна препорачана цена од 45 денари за литар, со што намалувањето на малопродажната цена надминува 10%.

“За оваа одлука за намалување на цената имаме двоен повод. Првиот е Светскиот ден на млекото, а вториот е исклучително високата оценка од меѓународните авторитети за тестирање на вкусот и квалитетот на омиленото трајно млеко на потрошувачите ширум регионот и во Македонија. Ваквиот огромен успех на Дукат заслужува да биде споделен со нашите потрошувачи”, изјави Благоја Слабев, генерален директор на Дукат во Македонија.

Во соопштението се додава дека трајното млеко на Дукат со 2,8% млечна маст е наградено со две златни ѕвезди за неговиот исклучителен вкус од страна на Меѓународниот институт за вкус и квалитет ( iTQi) со седиште во Брисел, во рамки на годишното тестирање во кое учествуваат над 1200 прехранбени производи и пијалаци од реномирани производители ширум светот.

Покрај трајното млеко на Дукат со 2,8%, награди на годинешното тестирање за вкус и квалитет од страна на iTQi добија уште 10 млечни производи на Дукат, меѓу кои Дукат јогуртот со 2,8% масленост, јогуртите SenSia и b.Activ LGG, Дукатела класик, сирењето Сирела Подравец и други.