ММФ: Скокот на цените на нафтата од 10 проценти би ја зголемил глобалната инфлација за 0,4 процентни поени

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денес изјави дека зголемувањето на цените на нафтата од 10 проценти што би траело една година би ја зголемило глобалната инфлација за околу 0,4 процентни поени и би го забавило економскиот раст за 0,1 до 0,2 проценти.

Во изјава за Блумберг на маргините на конференцијата „Азија 2050“ во Бангкок, Георгиева истакна дека светската економија досега покажала неверојатна отпорност со стапка на раст од 3,3 проценти, но дека новите конфликти на Блискиот Исток ја ставаат таа отпорност пред нов предизвик.

Таа предупреди дека заштитните механизми на многу земји се „истрошени“ по претходните економски шокови.