ММФ: Вакцинацијата е најважната економска мерка годинава

23

Вакцинацијата ќе биде над сите други економски политики оваа година, можеби поважна од монетарната и фискалната политика, со цел светот да закрепне од кризата со коронавирусот, изјави Кристалина Георгиева, директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

“Вакцинацијата на сите луѓе е предуслов за доведување на светот до одржливо високо ниво на раст насекаде, а тоа сè уште не е спроведено“, рече Георгиева на самитот Глобален развој со седиште во Лондон, организиран од CNBC.

Во април, ММФ оцени дека крајот на кризата е “се гледа“ и ги зголеми своите економски проекции на глобалниот раст, осврнувајќи се на забрзаната динамика на вакцинациите и тековните парични и фискални стимулации на владите. За оваа година фондот предвиде раст на глобалниот БДП од 6 ‚, а за следната година од 4,4%.

Овие предвидувања, сепак, во голема мера зависат од тоа како ќе се одвиваат кампањите за вакцинација, пред се и во земјите со ниски приходи. Според извештајот на научното онлајн списание “Нашиот свет во податоци“, само околу 21 % од светската популација примила барем една доза вакцина против ковид. Во САД 52 % од луѓето ја примиле првата доза, во Велика Британија 62 %, а во Европската унија 45%, според CNBC.

Фото: Freepik