MOBICASE – чанта за лаптоп што се претвора во работна станица

198

Фото: IndieGoGo

MOBICASE е чанта за лаптоп што се претвора во работна станица, онаму каде што ќе посака корисникот, а производот наскоро ќе биде и патентиран.

Во неа има прегради за клучеви, за полначи, за пенкала, за тастатура и за таблет, а делот во којшто стои лаптопот се вади и се мести како негов потпирач. Освен тоа, корисникот може лесно да ја прилагоди висината на којашто сака да му биде поставен лаптопот.

Материјалот од којшто е направена MOBICASE е водоотпорен, така што нема потреба од грижи ако случајно истурите кафе или сок.

MOBICASE е дело на старт-ап со седиште во Мелбурн, Австралија, а моментално е достапна во 2 димензии.

Овој старт-ап производ по успешно завршената кампања на IndieGoGo, се продава по цена од 109 долари.