Мобилни тимови на Црвен крст за набавки на неопходни продукти за лица во самоизолација

Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека се формирани мобилни тимови на Црвен крст чија задача е да вршат неопходна набавка на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена за лицата во самоизолација и истите да ги достават до домовите. Мобилните тимови се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош.

Сервисната услуга на мобилните тимови на Црвениот крст е бесплатна, а граѓаните треба да одвојат финансиски средства само за артиклите  кои ќе треба да им се набават. Мобилните тимови овозможуваат поддршка на лицата на кои таа им е најнеопходна и кои поради мерките и препораките за заштита и превенција од коронавирусот не можат да ги напуштаат своите домови.

Фото: Pixabay

ООЦК/ЦКГС

Број за контакт

Временска рамка на функционирање

Битола047 236 01908 – 12 часот
Делчево033 412 01009 – 13 часот
Велес078 254 729, 075 272 485, 075 247 63708 – 18 часот
Кавадарци070 239 352 
Кичево045 225 32408:30 – 12 часот
Кочани071 373 67709 – 14 часот
Крушево071 379 92008 – 12 часот
Охрид046 261 909, 070 315 309, 13 11208 – 16 часот
Свети Николе032 443 171, 074 600 17108 – 13 часот
Струга071 398 42408 – 12 часот
Струмица071 345 90110 – 12 часот
Тетово044 336 37409 – 15 часот
Штип074 203 03008 – 16 часот
Црвен крст на град Скопје – Тим за бездомници02 3096 22708:30 – 12:30
Чаир070 208 383, 02 2621 92408:30 – 12:30
Карпош071 349 230, 02 3068 80608:30 – 12:30
Кисела Вода071 349 225, 02 3211 41708:30 – 12:30
Гази Баба071 243 078, 02 2529 15308:30 – 12:30
Центар070 297 166, 02 3115 02908:30 – 12:30
Куманово075/207-126 и 077/719-49408 – 16 часот
Крива Паланка078 303 060 
Радовиш072 277177 
Гостивар042 216 488 
Валандово071239849, 07832597810 – 14 часот
Гевгелија071-714-105 
Демир Хисар047-276-861; 071-505-7248.30 – 14.30